Прилепчанец обвинет за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.П.(47) од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 19.12.2022 на клучка кон с. Волково, од полициски службеници кај Ј.Т. (23) бил пронајден и одземен метамфетамин, кој го купил од пријавениот – информираат од МВР.