ДУША МИЛА: Загина мало мече на локалниот пат кон с. Вејце
Вчера на бројот 112 во 8.25 часот лице вработено во Национален Парк “Шар Планина” пријавило дека на локалниот пат кон с. Вејце (на околу еден километар пред селото) има загинато мало мече кое што најверојатно настрадало во сообраќајна несреќа од непознат сторител!
Екипа на МВР изврши увид на местото, а телото на мечето било предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство, за да се извршат дополнителни анализи.