НЕМА НИШТО ПОСЛАТКО ОД ДЕЦАТА: Во Прилеп се одбележува “Светската недела на детето”

Сподели го ова:
























„Човештвото им должи на децата сѐ најдобро што може да им се даде“! Првата седмица од октомври е посветена како „Светска недела на детето“. Со низа активности и едукативни работилници, образовните институции во општина Прилеп ја одбележуваат оваа недела.

Денес заедно со претседателот и советниците од Советот на Општина Прилеп, ја посетивме градинката „Мирче Ацев“ во населбата Вишне, каде што нашите најмили заедно со своите негувателки и воспитувачки ни го задржаа вниманието и ги предизвикаа нашите насмевки со прекрасна ликовна активност на тема: „Боите околу нас“.Ова се денови кога не смееме да заборавиме дека градинката е нивниот втор дом. Локалната самоуправа продолжува со максимална поддршка во насока на подобрување на условите во сите општински образовни институции” – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави