Наш прилепчанец на “светското во Kраков”, гордо ја пее Јовано Јованке
Македонските ракометари, вчера на светското првенство во ракомет го одиграа својот втор натпревар против репрезентацијата на Холандија. За овој натпревар, македонските ракометари вчера имаа голема поддршка од страна на голем број на македонски навивачи, меѓу кои имаше и прилепчани.
Македонија отсекогаш раѓала вистински македонски патриоти, кои гордо си ја сакаат својата земја. Имено, еден таков патриот, искрено од срце, вчера во центарот на Крахов ја пееше Јовано Јованке, придружуван на хармоника од уличниот музичар во Крахов, а нашиот прилепчанец гордо ја пееше оваа наша македонска песна, со што го привлече вниманието на сите присутни.