РАДОСТ ЗА УЧЕНИЦИТЕ: Денеска е последниот ден од првото полугодие

Денеска, училишното ѕвонче со последниот час ќе го означи завршетокот на ова прво полугодие, и почетокот на долго очекуваниот зимски распуст.
Учениците во основните и средните училишта денеска го завршуваат првото полугодие од учебната 2022/2023 година, а повторно во училишните клупи одморени и со нови сили, ќе се вратат во среда на 18.01.2023 година.
Зимскиот распуст е оној волшебен детски миг кој ги создава најубавите зимски и новогодишни спомени, распуст кој не потсетува на онаа детска – безгрижна игра во ладните зимски денови додека бевме деца. Убаво е човек да биде дете – нели??