ВИДЕО – ПРОДАНОСКИ: Во 2023 година модуларна катна гаража, а сите првачиња ќе добиваат бесплатен оброк – останува и еднократната парична помош за новороденчиња, субвенционирањето на велосипеди и субвенционирање на трошоци за вода на социјално ранливи категории на граѓани

Сподели го ова:























Денес на седница на Советот на Општина Прилеп беше изгласан буџетот за 2023 година. Вкупниот буџет изнесува 1.520.704.000, а основниот 502.812.000 денари. Предвидени се капитални инвестиции од 170.000.000 меѓу кои би ги издвоил доводен цевковод во с.Канатларци и модуларна катна гаража.

Од 2023 година сите првачиња ќе добиваат бесплатен оброк, а останува и еднократната парична помош за новороденчиња, субвенционирањето на велосипеди и субвенционирање на трошоци за вода на социјално ранливи категории на граѓани.



Сподели го ова:

Слични објави