ЗА МНОГУ ГОДИНИ, И НА ПОМОШ: Денеска е Преображението Господово, денот на Преображението кога небото трипати се преобразува во текот на ноќта
Православната црква и православните верници, денеска го слават празникот посветен на Преображението Господово, денот на Преображението кога небото трипати се преобразува во текот на ноќта.
Во однос на празникот св.Преображение, битно е да се нагласи дека според календарот на МПЦ се нагласува дека третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но и за Неговата слава после страдањето на Крстот. За да не ги раслаби Неговото страдање та да отпаднат од Него, Он, Премудроста, сакаше пред да се случат страдањата делумно да им ја покаже Својата Божествена слава. Затоа ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и излезе со нив ноќе на гората Тавор и овде се преобрази пред нив. И заблеска лицето Негово како сонце, а облеката му побеле како снег. И се појавија покрај Него Мојсеј и Илија, големите старозаветни Пророци. И видоа учениците и се восхитија. И Петар рече: Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме три сеници: една за Тебе, за Мојсеј една, а една за Илија.