|

ФФМ со важни информации за навивачите во пресрет на вечерашниот натпревар со репрезентацијата на Англија

Сподели го ова:


























– Националата арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена за навивачите од 18:45 часот, а поради зголемените безбедносни мерки што ќе бидат преземени за да се спречи внесување на забранети предмети и средства на стадионот, ги повикуваме навивачите да дојдат на стадионот што е можно порано (препорака час и половина) пред почетокот на натпреварот) и да седнат на своите места на стадионот. Влезовите на Националата арена „Тодор Проески“ ќе бидат отворени од 18:45 часот, а влезот ќе биде овозможен до 20:15 часот.

Ги замолуваме навивачите да ги почитуваат одредбите од Законот за спортски натпревари и Законот за јавен ред и мир, особено оние кои се однесуваат на несоодветно скандирање, консумирање алкохол и употреба на пиротехнички средства. Чадори, големи торби или ранци, шишиња, запалки, монети и други предмети не смеат да се внесуваат на стадионот. Исто така, нема да може да се внесуваат знамиња или транспаренти со несоодветна содржина. Ги повикуваме сите навивачи и посетители на фер, коректно и спортско навивање без расистички и дискриминаторски скандирања пред, за време и по натпреварот. Воедно, ја користиме приликата да укажеме дека полицијата, согласно Законот ќе врши видео и фото снимање на тесната зона и самиот простор на стадионот – меѓудругото истакнуваат од ФФМ во нивното известување.




Сподели го ова:

Слични објави