Господ го чувал! Детето кое падна од 6-ти кат е во стабилна состојба

Сподели го ова:


























Како што открива за тв Телма, в.д. директор на Клиниката за Детска хирургија -д-р Лазо Јовчески, деветгодишното дете кое што завчера заедно со неговата баба падна од зграда во општина Кисела Вода, се наоѓа во стабилна состојба, но не може да се каже дали е надвор од животна опасност,

Детето е во стабилна состојба но има повреди на повеќе системи, почнувајќи од главата, има повреди на ребрата и на внатрешните органи. Направени се дополнителни иследувања. Детето дише самостојно, со кислородна поддршка и без механичка вентилација. Не е потребен оперативен зафат засега – истакна за ТВ Телма во телефонски разговор, д-р Лазо Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави