РАБОТНА ПОСЕТА: Кабинетот на прилепскиот градоначалник го посетија претставници на партнер организациите од Австрија (Regionalmanagement regio, Leader Region FUMO и Zeitkultur Oststeirisches Kernland)

Сподели го ова:


























Денес, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески имаше работна посета од страна на претставници на партнер организациите од Австрија (Regionalmanagement regio, Leader Region FUMO и Zeitkultur Oststeirisches Kernland) кои што во соработка со мрежата на ЛАГОВИ, Лаг Агро Лидер и Лаг Вардар Леадер го спроведуваат проектот за „Подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување“.

Проектот се спроведува со поддршка на Австриското Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи, а завршува оваа 2023 година.

Ги посетивме учениците при Центарот за поддршка во учењето во ООУ „Климент Охридски“ каде што нашите гости и партнери ги запознавме со начинот и методите на учење во Центарот како и со историјатот на училиштето. Во името на Локалната самоуправа им благодариме за денешната нивна донација која што се состоеше од некои од потребните материјали и средства за работа кои што со сигурност ќе го подобрат образовниот процес. На средбата во Општина Прилеп разговаравме за социјалните услуги на локално ниво и за социјалната заштита. Во рамките на проектните активности беа организирани онлајн работилници за споделување на добри практики за воведување и обезбедување на квалитетни и ефективни социјални услуги, проследени со две студиски посети во Република Австрија во рамките на кои беа посетени институции и претпријатија кои обезбедуваат поддршка за различни ранливи групи во локалната заедница. Учеството и спроведувањето на вакви проекти значи дека се грижиме за сите граѓани и таргет групи во нашата локална заедница – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави