ДА ТИ Е СТРАВ ДА ИЗЛЕЗЕШ НА УЛИЦА: Денеска повторно нападнати двајца прилепчани!
Денеска (24.10.2022), односно во 02:50 часот, З.З.(42) од Прилеп пријавил дека околу 02:30 часот во Прилеп, бил физички нападнат од страна на едно лице.
Меѓутоа ова не е единствениот ваков случај во текот на денешниот ден. Исто така денеска (24.10.2022), во 04:30 часот А.Б.(20) од Прилеп пријавил дека по претходна расправија околу 02.30 часот во Прилеп, бил физички нападнат од З.Н..
Се работи на расчистување на случаевите.