Пронајден машки труп во близина на пругата Прилеп-Битола

Сподели го ова:


























На 11.02.2023 околу 11.30 часот во СВР Битола е пријавено дека на место викано „Долно Садово“, атар на с.Беровци – прилепско, во близина на железничката пруга Прилеп-Битола, бил пронајден машки труп.

За случајот е известен Јавен обвинител, кој заедно со увидна екипа од СВР Битола извршиле увид на местото на настанот и по чија наредба телото е предадено за обдукција – информираат од МВР.




Сподели го ова:

Слични објави