ПРОДАНОСКИ СО ИСКРЕНА ЧЕСТИТКА ДО ПРИЛЕПСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ
Минатата година прилепските пожарникари покажаа дека само со многу пожртвуваност, храброст и големи заложби, големите катастрофи можат да бидат спречени. По повод 20-ти Мај, Ден на пожарникарите, претседателот на Совет Дејан Проданоски ја посети ТТПЕ – Прилеп, при што упати искрена честитка до пожарникарите во која се вели:
“Изложеноста на потенцијален ризик, со огнот како најголем непријател и товарот на одговорност за спас на човечки животи, домови, шуми како професија е вистински предизвикувачка и одговорна…. Денешениот датум, 20 мај го имаат како свој празник – Ден на пожарникарствотo.
Честит празник пожарникари!
Што помалку работа за вас!
Огнот е добар слуга, а многу лош господар!” – истакна Проданоски во својата честитка упатена до прилепските пожарникари.