Тетовчанец сам заминал во Турција и спасил 10 годишно дете од урнатините во турскиот град Кахраманмараш
Денеска, тетовскиот алпинист Надир Мурсели, спасил 10 годишно дете од урнатините во турскиот град Кахраманмараш.
Станува збор за десетгодишно девојче кое дури седум дена било под урнатитите во Турција. Овој тетовчанец сам замина во Турција каде потоа се приклучи на спасувачи од Босна и Херцеговина. Имено, оваа екипа заедно со АФАД успеале да го извадат ова девојче од урнатините и рушевините во турскиот град Кахраманмараш.
-Околу 13 часот само што го извадивме девојчето Ирмак, голема радост имавме тука. Откога се слушна глас, три-четири часа работевме за да ја извадиме од урнатините. Големо чудо е како преживеала. Таа беше седум дена под урнатините, а зградата приближно е седум-осум ката, информира 45-годишниот Мурсели од Тетово.