ПРОНАЈДЕН Е СТОРИТЕЛОТ: Жена го предизвикала настанатиот пожар

Сподели го ова:
























На 02.10.2023 во 16.35 часот во Полициско одделение Ропотово била повикана Н.Ј.(58) од с.Житоше и со неа бил извршен службен разговор, откако претходно било пријавено дека во с.Житоше, Општина Долнени, од страна на женско лице била запалена сува трева.

По преземени мерки полициските службеници од ОВР Крушево констатирале дека сторител на делото е Н.Ј., од која биле одземени запалка и други предмети поврзани со кривичното дело. Пожарот е целосно изгаснат од страна на жителите на с.Житоше, а по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава – ИНФОРМИРААТ ОД МВР.




Сподели го ова:

Слични објави