ЈА ИЗЛАЖАЛ ПОЛИЦИЈАТА: 21 годишник пријавил дека бил физички нападнат од три лица и повреден со остар предмет
На 02.10.2023 во 20.30 часот во СВР Тетово бил повикан С.К.(21) од Тетово, кој еден час претходно пријавил дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово околу 13.00 часот бил физички нападнат од три лица и повреден со остар предмет, при што му биле одземени и пари.
По преземени мерки и активности набргу било утврдено дека тој лажно пријавил, измислувајќи го случајот, откако на друго место ги изгубил парите. По целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок – информираат од МВР.