ОФИЦИЈАЛНО: Од утре, нови пониски цени на горивата

Сподели го ова:
























Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,04 %, во однос на одлуката која беше донесена на 03.01.2023 година.

Од 10.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 79,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,283 (денари/килограм)

Напомена: Oва се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.1.2023 година.




Сподели го ова:

Слични објави