Пролетна магија во Прилеп! Расцветаните јапонски цреши – симбол на новата пролет во градот под Марковите Кули

Сподели го ова:






























 Волшебната розова магија која произлегува од познатите Јапонски цреши, веќе ја има во парковите во центарот на Прилеп, како и во познатата “Цветна улица”.

“Богатиот цвет на црешата кој е еден од најубавите во природата, прошетките под црешите и утринското кафе во чаршијата, создаваат несекојдневни чувства кај прилепчани и посетителите.
Јапонските цреши се користат како солитер на зелените површини, во групи, или како улично дрво, а ефектот кој што се постигнува ги прави најпосакувани за садење на јавните површини.

Прилепските цреши ги одржува јавното претпријатие, „Комуналец“, и вложува напори да ги одржи во кондиција со редовно полевање, кастрење и фито заштита. Розевиот цвет на овие раскошни дрвца му дава посебна убавина на градот” – истакнуваат од прилепски Комуналец.




Сподели го ова:

Слични објави