Проданоски на самит во Будва во рамките на мрежата на т.н. силни градови
Претседателот на Советот на Општина Прилеп Дејан Проданоски, присуствува на големиот самит во Будва, кој што е во рамките на мрежата т.н. силни градови (Strong Cities Network), oдносно во рамки на регионалниот центар на оваа организација за Западен Балкан.
Колку за потсетување, Проданоски во месец јуни оваа година беше и на работната сесија на Регионалниот хаб на Западен Балкан на тема: ,,Пристапи на единиците на локална самоуправа за зајакнување на улогата на младите во справувањето со екстремизмот, омразата и поларизацијата”. Тука, Претседателот на Совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски, зборуваше во делот на ,,Јавни политики на дело: Дизајнирање на локални јавни политики и програмски решенија врз основа на потребите и приоритетите на заедницата.”