ПРОДОЛЖУВААТ РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ: Континуирано се работи во црквата св.Петка во нас. Точила

Сподели го ова:























Црквата “св.Петка” во населба Точила претставува црковен христијански храм, кој што секојдневно е посетуван не само од страна на верниците од населба Точила, туку и од останатите граѓани од општина Прилеп. Овој храм е местото каде што секојдневно мир пронаоѓаат голем број на верници. Имено, оваа црква е комбинација на современ историјат, ѕидовите се комбинација на полна печена цигла и ѕид од гранитни блокови, додека пак за надворешните ѕидови користена е една специјална печена тула. Храмот од почетокот на неговото осветување, постојано се надополнува со нови фрески, а воедно исто така постојано се доуредува и внатрешно, и надворешно во самиот двор во црквата.

Она што е најново кај овој православен христијански храм, е тоа што моментално се работи во црковниот двор, а исто така се поставуваат и нови водоводни цевки, за што говорат и сликите во прилог:

Колку за потсетување, пред краток извесен период заврши отстранувањето на старата тревна површина, се пресадија зимзелените садници, се донесе нова почва за новата тревна површина, се постави систем за наводнување, се посеа новата тревна површина, се поставија нови метални клупи во црковниот двор, а исто така дворот на црквата сега го красат и уникатните – креативни корпи за отпадоци. Исто така, се заврши и со хортикултурното уредување на дворот од храмот св.Петка во населба Точила, каде за почеток се украсија канделабрите со сезонско цвеќе во различни бои.



Сподели го ова:

Слични објави