|

Прилепскиот градоначалник Јовчески, во посета на младите боксери од Боксерскиот клуб „АС“ Прилеп

Сподели го ова:






























Боксерскиот клуб “АС” од Прилеп е основан во 2001 година. Непрекинато работи до денес и е активен во сите натпреварувања. Под водство на тренерите Ѓорѓи Чатлески и Дарко Чатлески има направено одлични резултати. Во изминатите години државни шампиони во бокс се Дарко Чатлески, Александар Николоски, Стево Илиќ, Дамјан Талимче а минатата година во кадетска конкуренција титулата ја освои Матеј Чатлески. За 2018 и 2019 БК АС го освоија второто место во бокс лигата на Македонија, а оваа година го држат првото место од кои има уште 4 кола до финалните борби. По тој повод, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески ги посети младите боксери од Боксерскиот клуб „АС“ Прилеп, при што истакна:

“На мое задоволство проследив дел од тренингот кој што го водеше гостинот, тренер и менаџер Игор Поцев од Боксерската Академија ЛАЈОНС ДЕН од Мелбурн Австралија. Поцев има направено многу успеси со неговите боксери во Австралија. Целта на оваа соработка е размена на искуства помеѓу боксерските школи и размена на боксери со учество на борби во Македонија и Австралија. Четвртото коло во месец октомври ќе се одржи во Прилеп во организација на БК АС ПРИЛЕП. Во името на Општина Прилеп упатив благодарност за се она што го прават како спортски репрезенти на Прилеп и поддршка за сите идни активности и планови” – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави