Нека се вечни и вековити! Прилепчанец ја запроси својата девојка на Острог
Викендов кој измина, уште еден прилепчанец ја запроси својата девојка на Острог. Имено, Бобан Ристески од Прилеп ја запроси неговата избраничка Елена, и тоа токму во дворот на Острошкиот манастир. Запросувањето беше реализирано на еден мошне впечатлив – уникатен начин, при што веднаш неговата избраничка веднаш го кажа она судбоносно – ДА!

Впрочем, Острошкиот манастир е честото посетуваното место. Станува збор за вистинско светилиште каде што моќта од моштитие на св. Василије Острошки му помага на секого, доколку се пристапи со искрена – чиста молитва.


















