Проданоски: Прилеп заслужува уреден и современ центар
Денеска прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски направи теренска обиколка на градежните активности на дел од плоштадот Методија Андонов-Ченто, каде што директно разговараше со граѓаните, изведувачите и сопствениците на деловните објекти кои функционираат на овој потег.
“За мене, најважно е работите да се следат одблиску, на лице место, со отворен и искрен дијалог. Свесен сум дека секоја промена носи привремени предизвици. Затоа разговаравме отворено за динамиката на изведбата, за пристапот до деловните објекти и за влијанието врз секојдневното работење на бизнисите. Општината вложува дополнителни напори за подобра координација и навремено информирање, со јасна цел, реконструкцијата да заврши квалитетно, одговорно и во предвидениот рок.
Градежните активности се интензивираат. Работиме посветено, затоа што исходот ни е заеднички, а тоа е да имаме уредена, современа и функционална јавна површина. За тоа компромис нема да има!
Прилеп заслужува уреден и современ центар. Создаваме пријатен, безбеден и модерен простор за пешачење, дружење и секојдневен живот на сите наши сограѓани” – порача Проданоски.


















