КОЊАНОВСКИ И ДИРЕКТОРКАТА ВЕСНА ЛОЗАНОВСКА ВО ПОСЕТА НА ГРАДИНКАТА „РОСИЦА 1“ КАДЕ ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ИНВЕСТИРАНИ СЕ НАД 3,7 МИЛИОНИ ДЕНАРИ
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и директорката на градинката „Естреја Овадија Мара”, Весна Лозановска, денеска ја посетија детската градинка „Росица 1“ во Бистрица, која е дел од установата
Беше информиран дека во текот на изминатиот период активностите на раководството на детската градинка беа насочени кон континуирано унапредување на условите за престој, воспитно-образовна работа и безбедност на децата, како и кон подобрување на условите за работа при што посебен акцент беше ставен на инвестиции во инфраструктурата, безбедносните системи и работната средина.
Во Детска градинка „Росица 1“ Бистрица со цел создавање побезбедна и поквалитетна средина за децата, извршена е поправка и санација на покривната конструкција, поставена е громобранска инсталација, реализирани се ѕидарски и фасадерски работи, извршени се столарски интервенции, спроведени се молерофарбарски работи, како и водоводни и електричарски интервенции и инсталација на хидрантска мрежа и поставување на хидрант, а беше спроведено и чистење на густата вегетација околу градинката.
Вкупна вредност на инвестицијата е 3.785.359 денари.
Со овие зафати значително се подобрени безбедносните и хигиенските услови, како и функционалноста на објектот, беше истекнато за време на посетата.


















