Новогодишен спектакл утре во Крушево! “Весел театар” – Прилеп, Ламбе Алабаковски и Благоја Грујоски утре настапуваат во убавото Крушево

Сподели го ова:































Утре на градскиот плоштад во Крушево, градоначалникот Нико Чонески за своите сограѓани подготви богата новогодишна програма, како за најмалите, така и за младите и повозрасните граѓани од Општина Крушево. Имено, утре со почеток од 11:30 часот на бината во центарот на градот за најмладата публика во Крушево ќе настапи Весел театар- Прилеп со театарската претстава за деца “Кога Дедо Мраз пее – секој се радува и смее”, а веднаш потоа следува голем детски музички хепенинг, на кој ќе настапат познати детски музички ѕвезди од цела Македонија.

Забавата ќе продолжи и вечерта со богатата музичка програма за која ќе се погрижат Ламбе Алабакоски и Благоја Грујовски.

“Со греано вино и срце полно љубов да ја испратиме старата и да ја дочекаме новата година!” – порачуваат од Општина Крушево.




Сподели го ова:

Слични објави