Дали премиерот Ковачевски ќе го следи примерот од Јовчески, и покачениот дел од премиерската платата ќе го донира во социјално загрозените семејства?

Сподели го ова:


























Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески истакна дека доколку дојде до покачување на неговата плата – согласно одлуката на Уставниот суд за зголемување на платата за носители на јавни функции, износот ќе го донира во хуманитарни цели. Веднаш откако Јовчески официјално ја соопшти оваа вест, неговиот ваков гест наиде на голем број на пофалби од страна на прилепските граѓани.

Согласно одлуката на Уставниот суд за зголемување на платата за носители на јавни функции, сакам да истакнам дека доколку дојде до покачување на мојата плата, износот ќе го донирам во хуманитарни цели, за социјално загрозени семејства од нашата општина и секаде онаму каде што има потреба од помош. Дефинитивно оваа економска и енергетска криза, верувам дека има негативно влијание кон сите наши сограѓани и дополнително ја отежнува економската ситуација во секое семејство. Како градоначалник на општина Прилеп јас секогаш настојувам да бидам прв помеѓу еднаквите, затоа уште еднаш истакнувам дека доколку се реализира одлуката за зголемување на платата за носители на јавни функции, зголемениот износ на мојата плата јас ќе го донирам за семејствата со ниски примања и ранливите категории на граѓани! – истакна Јовчески.

Дали Ковачевски ќе го следи примерот од Јовчески, и покачениот дел од премиерската платата ќе го донира во социјално загрозените семејства – останува да видиме.




Сподели го ова:

Слични објави