Општина Прилеп активно се залага за охрабрување и задржување на младите да останат и да го вложат својот капацитет во нашата Република Македонија

Сподели го ова:
























Денес се одржа конститутивна седница на локалното собрание на млади на кое што беше донесен деловникот за работа, и повикот за членови во локалниот младински совет. Формирањето на Локалниот Младински Совет како обврска која произлегува од законот за Младинско учество е само еден дел од заложбите младите да се стават на примарната позиција во општината. Локалниот Младински Совет е советодавно работно дело на Советот на Општина Прилеп, и се основа со цел младите активно да се вклучат во јавниот живот на Општина Прилеп преку предлагање на иницијативи за прашањата кои ги засегаат младите луѓе кои живеат на подрачјето на Општина Прилеп.

Во изминатиов период Општина Прилеп ги донесе сите потребни правни акти поврзани со формирање и понатамошно функционирање на Локалниот Совет на Млади. Со овој чекор како општина сме поблиску до отворање на Младински центар во Општина Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави