Проданоски, директорите на прилепските училишта, како и прилепскиот градоначалник, денеска на учениците им посакаа успешен почеток на школската година

Сподели го ова:
























Училиштето е многу важен и интересен предизвик во животот. Образованието е темел на секоја заедница, на секоја општина и држава. Затоа велиме дека најсигурна инвестиција во иднината претставува образованието. За учениците, нема подобра алтернатива од образование, бидејќи само така самите тие ќе стекнат повеќе и поквалитетни знаења, а интеракцијата со врсниците и со наставниците е од големо значење за нивната социјализација и правилен психофизички раст и развој. 

Во сите училишта кои работат во градот под Марковите Кули и неговата околина, денеска започна школската година. Успешен почеток на учениците, денеска им посакаа прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, претседателот на Совет Дејан Проданоски како и директорите на прилепските училишта.

“Мои првачиња , драги наши најмали ученици, добредојдовте во УЧИЛИШТЕ! Драги ученички и ученици, Почитувани просветни работници! Училиштето е многу важен и интересен предизвик во животот. Образованието е темел на секоја заедница, на секоја општина и држава. Затоа велиме дека најсигурна инвестиција во иднината претставува образованието. Училиштето сега е вашиот втор дом, а учителката/учителот се вашите втори родители, кои ќе ви помагаат и ќе се грижат за вас да научите букви, бројки и многу приказни, за да бидите прекрасно воспитани и образовани деца, вредни ученици и добри другари. ука драги мои првачиња, не сте сами! Сите во училиштето учителите, наставниците, директор, педагог, психолог, ќе бидат тука секогаш да ви помогнат да се стекните со нови знаења и да ги решите сите загатки. Ова е нов прекрасен дел од вашиот живот и нов почеток! Можеби се плашите од непознатото, од новите обврски, но тоа верувајте ми, затоа што и јас сум бил некогаш прваче, само ќе ве направи посилни и повредни. Сакам да им посакам на сите вработени во сите училишта во Општина Прилеп, на учениците и нивните родители, среќна и успешна нова учебна година, а ние како Локална самоуправа ќе продолжиме да инвестираме во воспитно образовниот процес. Уште еднаш морам да истакнам дека од оваа учебна година започнуваме за прв пат со бесплатен оброк за секое прваче во општина Прилеп. Продолжуваме максимално посветени за Прилеп!” – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави