ВО ЧЕСТ НА ЛИЛЈАНА ЗЕРОСКА: Хуманитарен концерт и крводарителска акција
Голем број на граѓани од градот под Марковите Кули, уште еднаш ја покажаа својата хуманост преку донации за децата со попреченост од Центарот “Ѕуница” – Прилеп на вчерашниот концерт кој се одржа под градскиот часовник. Концертот беше во чест на др. Лилјана Зероска – основач на трансфузиолошката служба, а на истиот настапија “Теди и Рубин”, Филип Николоски, дел од учениците од “Матрикс”, Ѓоко Ѓорчев…
Исто така, беше организирана и крводарителска акција во соработка со Црвениот крст каде учествуваа 30 крводарители, а на истите им беа врачени благодарници.
Хуманитарниот концерт и крводарителската акција беа во организација на др. Зероски, а под покровителство на “Лајонс клуб” од Прилеп и “Кафе Чоше”.