СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ “ТИГРИ”: Со нивна помош се спаси повреден планинар кој веднаш со хеликоптер на МВР бил пренесен во болница
Во попладневните часови било пријавено дека лице кое планинарело се здобило со повреди и не можело да се движи.
Веднаш по добиената пријава, Алпинистичкиот тим на САЕ Тигар со хеликоптер пристигна на местото на несреќата, го подготви повреденото лице за транспорт и со хеликоптерот од Хеликоптерската единица за полициски намени го пренесе до хелиодромот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде е предадено за укажување лекарска помош, информираат од страна на МВР.