Денеска кај градскиот часовник – почувствувајте го “ВКУСОТ НА ЛИВАДИТЕ”

Сподели го ова:
























Денеска, 2 септември, кај Саат кулата во Прилеп од 10 до 18 часот ќе се одржи манифестацијата Млеко 2023: Вкусот на ливадите. Млеката и сирењата се производ на животното кое ги произведува и на човечкото посредување, но пред сѐ тие се производ на едно место кое било под влијание на локалната клима, вегетација, геологија и други фактори. Млекото од места каде тревата расте сама, флората е богата и разновидна, а животните слободно пасат каде сакаат, неизбежно ќе биде подобро млеко.

Постојат примери за поднебја со пасишта, чија единствена природа придонесува за различноста на тамошните сирења. Јасно е дека секое животно има свое претпочитано живеалиште во кое произведува најдобро млеко. Козите обично ги јадат зелените делови од грмушките и добро се приспособуваат и на неплодните медитерански подрачја и на алпските пасишта. Овците и кравите преферираат зелени предели со бујна вегетација, богати со трева, билки и цвеќиња и нивните различни миризби и вкусови.

Во своето природно живеалиште, при испашата животните се хранат со тревките кои им се потребни за да останат здрави. Ароматичните компоненти во дивите растенија се растворливи во масти и можат да се пренесат во млекото преку мастите, а од таму и во сирењата. Така, само сурово млеко со полн состав, измолзено и преработено директно на тие места, може да им ги пренесе на сирењата сите тие ароми.

Па зошто да не зборуваме за „тероар“ (поднебје) – во млекарскиот свет? Која е смислата на преселбата на стадата на летна паша и производството на сирења во екстремни услови, обезбедувањето на висококвалитетна паша, ако на крајот сите типови на сирења ги цениме исто?

Добредојдени се сите сточари, млекари, мандраџии, експерти, претставници на институции, студенти и активисти и сите оние што едноставно сакаат да уживаат во веселата дружба и во различноста на вкусовите.
Секој ќе може:
• да изложи и презентира вистински сирења
• да се вклучи во дебатите и дискусиите
• да дегустира и да купи од понудените сирења
• да се дружи и да ужива во фестивалот




Сподели го ова:

Слични објави