ПРОДАНОСКИ: Денес заедно со градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески бевме домаќини на 50–тина млади од Пелагонискиот регион

Сподели го ова:


Денеска Претседателот на Советот-Дејан Проданоски заедно со прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, беа домаќини на 50–тина млади од Пелагонискиот регион. По повод овој денешен настан, Проданоски истакна:

“Во рамките на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија” денеска во големата сала на Општина Прилеп каде што Советот ги одржува своите седници заедно со градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески бевме домаќини на 50–тина млади од Пелагонискиот регион. Денешната посета на тема „Одржливост и долгорочна ориентација“ е дел од овој проект чиј главен носител е „Про Локал“ од Битола во соработка со уште девет граѓански организации и седум општини од Пелагонискиот регион вклучувајќи го и нашиот град.Гостите на средбата беа запознати со начинот на кој заседава и одлучува Советот, со цел, преку практични примери да осознаат како нивните идеи можат да бидат реализирани”-истакна Проданоски.





Сподели го ова:

Слични објави