ВИДЕО-ПРОДАНОСКИ: Општина Прилеп и јас како Претседател на Совет и во иднина ќе продолжиме да се залагаме за мерки и активности што ќе значат подобрување на животниот стандард на сите сограѓани, без никаков исклучок
Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април официјално е прогласен во 1990 година на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Ромите во Полска. На конгресот претставници на Роми од 14 држави донесоа одлуки за знаме, химна, за прогласување на ромскиот јазик и за воведување на терминот Ром. На Првиот конгрес на Роми во Лондон во 1971 година, ромскиот јазик е деклариран како официјален јазик на сите Роми во светот. Во име на Советот на Општина Прилеп, Претседател на Совет Дејан Проданоски го честита 8 април – Меѓународниот ден на Ромите, при што истакна:
„Културата и традицијата на Ромите се исклучително значајни за прилепското културно наследство. Важен сегмент се во градење на соживот и меѓусебно почитување и разбирање во општеството. Мултикултурализмот и еднаквоста треба да бидат важен приоритет во нашето секојдневно делување, а унапредувањето на правата на Ромите да биде наша заедничка цел и предизвик.Општина Прилеп и јас како Претседател на Совет и во иднина ќе продолжиме да се залагаме за мерки и активности што ќе значат подобрување на животниот стандард на сите сограѓани, без никаков исклучок. Нема да престанеме со нашите заложби за зајакнување на економската и социјалната вклученост на Ромите во секојдневните општествени текови, затоа што Вие сте дел од нас, од нашето општество“, истакна Дејан Проданоски Претседател на Совет на Општина Прилеп.