Витаминка повторно ќe биде дел од најголемиот и најпрестижен интернационален саем за иновации и трендови во кондиторската индустрија

Сподели го ова:





























Во периодот од од 1-ви до 4-ти февруари Витаминка е повторно дел од најголемиот и најпрестижен интернационален саем за иновации и трендови во кондиторската индустрија, ISM 2026 кој се одржува во Келн, Германија.

На светската сцена Витаминка ќе го презентира целосниот асортиман производи кој се состои од над 450 брендирани пакувања од слатката програма, кондиторски производи, солени и крцкави закуски.

Со присуството на овој настан, Витаминка ги започнува активностите поврзани со 70-годишниот јубилеј, воедно и како потврда за континуираното присуство на светските пазари и интернационалниот успех на компанијата во FMCG индустријата.




Сподели го ова:

Слични објави