Проданоски: “Честитки за сите што стигнаа до светиот крст.Нека Бог ги штити и милува…”

Сподели го ова:


Денеска во Прилеп достојно, во духот на традицијата и верата, беше одбележан големиот и значаен празник Богојавление – Водици. По осветувањето на водата и положувањето на Светиот крст, до своите прилепчани, со искрена честитка се обрати и Дејан Проданоски-Претседателот на Советот на Општина Прилеп: “Славејќи го крштевањето на нашиот Спасител, Исус Христос, денес сите ние го славиме Богојавление – симболот на духовното раѓање, на спасението, прочистување, просветлување и почетокот на нашето живеење во верата.Мир во душата, здравје во семејствата.Среќа, радост и многу љубoв Ви посакувам.Бог се јави!За многу години празникот Водици!”-истакна Проданоски. Инаку Дејан Проданоски е човекот со голем рејтинг помеѓу прилепчани. Проданоски веднаш откако беше избран за Претседател на Советот при Општина Прилеп во своето обраќање потенцираше дека “овој советнички состав ќе биде запишан во историјата на нашиот град, како еден од најуспешните односно Совети кои донесле најдобри и најконструктивни одлуки во интерес на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани и подобрување на условите во градот”. Ако направиме една анализа на досега сработеното, се доаѓа до констатација дека Проданоски цврсто се држи до дадениот збор, бидејќи тој заедно со советниците и Градоначалникот Јовчески, за неколку месеци направија повеќе клучни чекори во интерес на прилепчани, а моментално како најактуелна е мерката “6000 денари за секое новороденче во Општина Прилеп”-мерка која што беше ветена во предизборната кампања.

Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 11 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Можно е да е слика од 2 луѓе и луѓе што стојат




Сподели го ова:

Слични објави