ССМ: ФУНКЦИОНЕРИ ПРЕТЕРАВТЕ, РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ!

Сподели го ова:


























ССМ, КСС, КСОМ и УНАСМ како најголеми синдикални централи во Македонија, кои заеднички здружуваат повеќе од 150.000 работници во Македонија, најостро ги осудуваат одлуките на Владата, по итна постапка и со европско знаменце да воведат неевропски вредности во Македонија, без расправа и согласност на социјалните партнери.

Владата воведува работно време како пред 137 години со кое овозможува работниците нечовечки да бидат експлоатирани во траење од 72 часа во текот на една недела што е преседан и во светски размери и директен атак врз здравјето и безбедноста на работниците.

Со оваа одлука Владата не води грижа за животот и здравјето на работниците туку единствено ги гледа своите интереси и интересите на нејзините стратешки партнери, жртвувајќи ги работниците и нивните семејства.

Осуда за ваквите ставови и намери на Владата беа доставени и од Европската конфедерација на синдикатите – ETUC Светската конфедерација на синдикатите – ITUC , Европската федерација за градежништво и дрвна индустрија EFBWW и Светската организација за градежништво BWI Global Union кои имаат повеќе од 300 милиони членови кои рамо до рамо застануваат со синдикатите од Македонија.

Синдикатите ССМ, КСС, КСОМ и УНАСМ ќе ги преземат сите чекори да ги заштитат работниците и работничките права и жестоко ќе го бранат правото на 40 часовна работна недела, 8 часа работен ден, 8 часа одмор и 8 часа време со семејството и рекреација!

ФУНКЦИОНЕРИ ПРЕТЕРАВТЕ,

РАБОТНИЦИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ! – се истакнува во соопштението на ССМ- Македонија.




Сподели го ова:

Слични објави