Приведени се двајца прилепчани за силување на 63 годишна прилепчанка и овозможување на злосторство

Врз основа на информациите од МВР, во текот на вчерашниот ден на 28.12.2022 во 17-50 часот во Прилеп, полициски службеници од П.С. Прилеп ги лишиле од слобода Е.А.(33) и С.А.(52) – и двајцата од Прилеп.
Имено, Е.А. се сомничи дека во текот на вчерашниот ден извршил обљуба врз 63 годишна жена од Прилеп, додека пак С.А. дозволил пред него, во неговиот дом, да биде извршена обљубата врз жената која ја познавал од претходно.
Овие две лица биле задржани во полициска станица, и по целосно документирање на овој случај, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.