Прилепски “Параклис” со благодарност до сите верници кои донираа за возобновување на фрескоживописот

Сподели го ова:
























Неискажливи се милостите на Бога со кои Он го просветлува и осветлува секој човек во светот. Секојдневно ние сме опсипани од благодатите на нашиот Отец Небесен, а најголем показател за Неговата безгранична љубов кон родот човечки е, без сомнение, понижението и страданието на Синот и Словото Божјо заради нас, луѓето. Господ Исус Христос, заради нас прими човечко тело и пострада за него на крст. Но на третиот ден Тој славно воскресна, совоскреснувајќи ги и умртвените прародители Адам и Ева и давајќи ни ја сите нас бесценетата можност да совоскреснеме со Него, само доколку веруваме и Го љубиме.

Како благослов и голема благодарност заедно со црковниот одбор и свештеничкото братство, исто така и вработените, при храмот св.св. “Кирил и Методиј” (Параклис) за Своето сесветло и несебичното донирање и помагање изразуваме кон верните ПРИЛЕПЧАНИ И СИТЕ ПОМАГАЧИ на фрескоживописот на Параклисот, но и неговата обнова, кој со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополитот наш г. Петар се возобнови и се возобнувува сеуште. Се надеваме дека еден ден , ќе се заврши ова дело пред Христа Воскреснатиот.

старешина на храмот ,

протоереј Дејан Секулоски заедно со свештеничкото братство при истиот храм Ве поздравува вас добри прилепчани и останатите добронамерници, помагачи на нашиот храм, со најрадосниот поздрав ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!




Сподели го ова:

Слични објави