Мицкоски со покана за 36. роденден на ВМРО-ДПМНЕ: На 17 јуни, заеднички да покажеме дека Македонија има сила, има енергија и има народ кој верува во својата иднина
Мицкоски по повод 36 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, ги покани членовите, симпатизерите и граѓаните на народниот собир која ќе се одржи оваа среда на стадионот во Струмица.
“Пред 36 години беше создадена идеја која стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија. Идеја која ги обедини сите оние кои веруваа дека оваа држава има право на сопствен пат, на сопствен глас и на сопствена иднина.
Денес, 36 години подоцна, го одбележуваме патот што заедно го изодевме, сите предизвици што ги надминавме и сите победи кои ги остваривме како народ.
Во овие 36 години имавме и тешки моменти и големи искушенија. Имаше периоди кога требаше да се брани државата, кога требаше да се зачуваат националните интереси и кога требаше да се покаже карактер и истрајност. Државата кога беше одземена и требаше да стане повторно ваша. Секогаш кога било најтешко, силата доаѓала од народот. Од граѓаните кои верувале во Македонија и кои никогаш не се откажале од неа.
Денес гледаме напред. Денес зборуваме за развој, за економски раст, за нови инвестиции, за подобри плати, за модерна инфраструктура, за подобро образование, здравство и институции кои работат во служба на граѓаните.
Ги повикувам сите членови, симпатизери, поддржувачи, сите граѓани кои веруваат во напредокот, во работата и во љубовта кон татковината, да ни се придружат на големиот народен собир.
На 17 јуни, во 20:00 часот, на стадионот „Младост“ во Струмица, заеднички да покажеме дека Македонија има сила, има енергија и има народ кој верува во својата иднина.
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да живее Македонија!” – истакна Мицкоски.
















