Прилепските улици “Блага Ружето”, “Св. Наум Охридски” и “11 Октомври” денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето до 14 часот
Како што известуваат од ЈКП “Водовод и Каналзиација”-Прилеп, водоснабдувањето на ден 25.02.2022 ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење.
Вкупната произведена количина на вода е 260л/с, од кои 220л/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 40л/с сопствени извори.
Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп:
– Блага Ружето
– Св. Наум Охридски
– 11 Октомври