ОФИЦИЈАЛНО: 51 лице загина во пожарот во дискотека во Кочани и над 100 се повредени
Како што потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, искри од пиротехника кој се употребувале за светлосен ефект во дискотека во Кочани, се причина за трагедијата во Кочани. Министерот потврди дека до сега има 51 загинато лице и над 100 повредени.
Со длабока тага ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна – напиша на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.
















