Прилепските црковни храмови со известување до верниците по повод празникот Св. Козма и Дамјан

Сподели го ова:


























Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ.

За претстојната слава, на св. бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан (Св. Врачи), во храмот Св. Кирил и Методиј (Параклис) лепчиња ќе се креваат во среда од 7:30 – до 11:00 и попладне од 16:00 – 17:00 часот како и НА САМИОТ ПРАЗНИК (наредниот ден) во четврток (14.11.2024) веднаш по завршувањето на Божествената Литургија. А пак, во храмот св. Петка во нас. Точила лепчиња ќе се креваат во среда во периодот од 9:00 – 11:00 часот и четвртокот по завршувањето на богослужбата.

СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) -Среда 13.11.2024 од 07.30 до 11.00 часот и од 16.00 до 17.00 часот.

Честита слава на сите кои го чествуваат Св. Козма и Дамјан како закрилници на нивните домови т. е. домашна слава!

Нека ни е за многу години и на помош!




Сподели го ова:

Слични објави