Македонската традиција се пренесува ,,од колено на колено” – токму како новиот музички етно проект од Александар Јовевски

Сподели го ова:


























Утре, вторник 12.11.2024 во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп со почеток во 20h, ќе биде промовиран новиот музички проект од Александар Јовевски насловен како “Од колено на колено”. Александар Јовевски е композитор , аранжер, инструменталист ( кавал,тамбура ) и музички лидер на етно составот Монистра и дел е од речиси сите етно проекти во државата.

,,Од колено на колено” e нов музички етно проект (албум) на Александар Јовевски на кој базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет, и е проект од национален интерес за Македонија. Во составот на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните инструменти: кавал, тамбура, канон, женски вокали, и е збогатено со клавијатури.
На носачот на звук ,,Од колено на колено” се застапени 4 обработки на стари македонски изворни песни како што се Бај Никола, Изникнало криво крувче, Сношти го видов мамо мори убавото Стојне, Ајде мала Стана болна лега, меѓутоа има и авторска музика, 6 авторски композиции творени во духот на македонската традиција но со нов
музички израз и тоа : Tамбурски вез, Кавал гали, Игра на
инструментите, Длабочина, Јованина и Александров танц.




Сподели го ова:

Слични објави