Прилеп е горд! Ова се наградените прилепски средношколци од програмата на Џуниор Ачивмент
Денес градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, заедно со претставници од Општината, присуствуваше на средба со ученици и професори од прилепските средни училишта кои се дел од програмата на Џуниор Ачивмент Македонија.
Од 2017 година наваму, ова здружение преку обуки и работилници обезбедува знаење и поддршка во областа на претприемничкото образование и финансиската писменост.
Директорката на здружението упати пофални зборови за учеството на учениците на регионалните и националните натпревари, а беше потенцирано и минатогодишното учество на тимот од СОУ „Ѓорче Петров“ на Европскиот натпревар во Катанија, Италија.
Во следните месеци планирани се повеќе настани и натпревари кои ќе вклучат голем број ученици од Прилеп, а денешната средба беше поттик за организирање на посебен настан наменет за младите, со цел зајакнување на нивните претприемнички вештини и капацитети за идно вработување.
Општина Прилеп ја продолжува соработката со младите генерации и ги поддржува ваквите иницијативи кои се вложување во иднината на нашата заедница!


















