Прилепскиот градоначалник Проданоски, заедно со прилепчани покрај коледарските огнови
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со неговиот тим вечерва ги посети коледарските огнови во Прилеп и прилепско, каде што заедно со своите сограѓани беше дел од вековната коледарска традиција во градот под Марковите Кули.

“Коледе леде! За многу години, прилепчани! Како град со богата историја, Прилеп гордо ги чува и негува вековните обичаи кои не поврзуваат со нашите корени и ни го чуваат идентитетот. Вечерва, заедно со граѓаните, ја споделивме радоста на коледарската традиција во повеќе населби и населени места низ нашата општина. Традицијата е срцето на еден народ и најголемото богатство што можеме да го оставиме на идните генерации.
Да сме здрави и живи, со многу радост, слога и благосостојба.
За многу години!” – порача Проданоски.















