“Цела Струмица” ќе оди на новогодишниот театарски спектакл за деца! Побрзајте, останаа уште малку билети!

Сподели го ова:


























Со доаѓањето на месец декември, започна и новогодишната магија која е официјален предвесник на Новата година – која што веќе е на самиот праг. А на доаѓањето на Новата Година, најмногу се радуваат најмладите, искрени детски срца.

По тој повод, специјално само за најмладата публика во Струмица, на 22.12.2024 (недела) со почеток во 10:45 часот во големата сала во НУЦК Антон Панов, погледнете ја ПРЕМИЕРАТА на театарската претстава за деца “Пристигна Дедо Мраз” , која со сигурност ќе создаде волшебни, новогодишни спомени во секое детско срце. Имено, за само два дена потрошени се 60% од влезниците за новогодишната претстава во Струмица.

Сите овие популарни театарски ликови (врз основа на она што можеше да го забележи објективот на нашиот информативен портал “STANICA.MK”), се очекува да изведат атрактивна театарска претстава за деца, која ќе биде во склоп на предновогодишните празници. Доколку и Вие сакате да ја проследите премиерата на оваа ексклузивна театарската претстава за деца, тогаш секој работен ден од 08 до 15 часот ќе може да си набавите билети на билетарата во НУЦК Антон Панов во Струмица. Побрзајте, бидејќи 60% од билетите се потрошени за само неколку дена! На крајот од претставата следува сликање со Дедо Мраз и подарок за секое дете! Цена на билетите во претпродажба изнесува 200 денари.

Се гледаме во НЕДЕЛА, на 22.12.2024 во 10:45h.




Сподели го ова:

Слични објави