Од 14 до 21 ноември, битолчани ќе уживаат во најновото издание на “БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ”
Оваа година, во чест на 81 година постоење на Народниот театар Битола, на сцената повторно оживуваат вечните дела на Вилијам Шекспир – во интернационален театарски дух и со врвни продукции од Македонија и светот!
Програма:
14.11 – “Макбет” – НУ Народен театар Битола, Македонија
15.11 – “Дванаесеттата ноќ” – Драмски театар „Александар Венгерко“, Полска
17.11 – “Крал Лир” – “Lit Moon Theatre”, САД
18.11 – “Еволуцијата на распадот” – „Артема театарска лабораторија“, Македонија
19.11 – “Само ти(и)ја / Only You (and I)” – “Тим Театар”, Македонија
19.11 – “Ричард III” – НУ Народен театар Битола, Македонија
20.11 – “Јас Писблосом / I, Peaseblossom” – “Hani-Tong Theatre”, Хрватска / Англија
21.11 – “Како што милувате / As You Like It” – Драмски театар „Стојан Бачваров“, Бугарија
Бидете дел од магијата на Шекспир во Битола!
Театарот повторно станува место на љубов, борба, страст и бесмртни приказни.
Влезниците за премиерата на 14ти ноември за отворањето на фестивалот се по цена од 300 денари, додека за останатите денови се бесплатни но со претходна резервација преку смс на телефонскиот број 075/549-400 (секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот) со следниве податоци:
•име и презиме
•датум
•име на претставата
Резервациите се обработуваат по принципот „прв јавен, прв услужен“, а потврдата ќе ја добиете со повратна СМС порака со информации за подигање на билетите.
*Вашата резервација е резервирана само доколку добиете потврдна смс порака!
*поради ограничениот број на седишта за дел од претставите влезниците за истите се во мал број, па поради тоа принципот за резервација е “прв јавен , прв услужен”.
















