Повелете на вистинска театарска уметност во Битола! Премиерата на „Пламенка“ – претстава која ќе ве воодушеви “на прва”
Денеска во битолскиот театар беше одржан пресот за најновата премиера – „Пламенка“, во режија на Софија Ристевска Петрушева, која ќе се случи на 19.02.2026 година. На прес-конференцијата беа присутни директорот на Битолскиот театар – Васко Мавровски како и дел од актерската екипа и креативниот тим, кои зборуваа за процесот, предизвиците и возбудата што ја носи оваа поставка, а исто така и директорот на Центар за култура Битола, Сашо Илковски, кој се потпишува зад креативите, фотографиите и видео материјалите.
Огромна чест и задоволство ни беше присуството на авторот на истоимениот роман Петре Димовски, чија „Пламенка“ добива нов сценски живот.Изразуваме огромна благодарност до сите новинари кои беа во можност да дојдат на пресот.„Пламенка“ не е само премиера – таа е средба на литературата и театарот, на авторот и сцената, на зборот и емоцијата. Се гледаме на 19 февруари – порачаа од Народен театар – Битола.


















