Градоначалникот Проданоски и директорот на “прилепски пазари”, во обиколка на пазарот во Прилеп

Сподели го ова:





























Среда, пазарен ден во Прилеп! Прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски заедно со директорот на ЈКП „Пазари“, направи обиколка на пазарот и разговараа директно со нивните сограѓани и со пазарџиите. Прилепскиот градски пазар се простира на површина од околу 5.000 м² и располага со 365 тезги, што го прави едно од најзначајните места за секојдневна трговија и социјален живот во Прилеп.

“Во изминатите два месеци успешно го завршивме санирањето и комплетното препокривање на околу 400 м² од покривот на почетниот дел од пазарот, каде што постоеше долгогодишен проблем и кровната конструкција беше нефункционална.

Разгледуваме повеќе идеи и можности за целосна реконструкција и модернизација на пазарот, со цел да создадеме подобри, побезбедни и поквалитетни услови за сите.

Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на јавната инфраструктура и поддршка на локалната економија” – порача градоначалникот Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави