Градоначалникот Јовчески, заедно со директорите Гулабоски и Абрашоски денеска го посетија манастирот во Варош

Сподели го ова:


























Денеска е семејна слава на нашите сограѓани од урбаната заедница Варош. Денеска жителите на прилепската населба Варош го чествуваат масовно христијанскиот празник Голем Петок -Балаклија. Празникот се чествува секој прв петок по Велигден и е куќна слава на многу семејства. Стотици граѓани од другите делови од градот им доаѓаат на гости посакувајќи им здравје, успех и среќа. А, жителите на Варош гостите ги пречекуваат на празнична трпеза. Оваа традиција се негува со години. Многу верници доаѓаат и во црквата од манастирот „Свети Архангел Михаил“. Во чест на празникот се одржува утринска литургија.(Текстот за оваа објава продолжува веднаш после рекламното соопштение за најголемиот детски спектакал во Прилеп кој ќе се одржи оваа година на 07.05.2022 во НУЦК “Марко Цепенков”)

Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, Директорите Гулабоски и Абрашоски, заедно со дел од претставниците од Општина Прилеп, денеска го посетија манастирот во Варош. По повод овој голем и светол празник, се огласи и прилепскиот Градоначалник Јовчески, при што истакна:

“Денес го славиме првиот петок по Велигден, Голем Петок-Балаклија. Овој голем христијански празник е домашна слава на голем дел семејства во најстарата прилепска населба Варош. По тој повод, денес го посетивме манастирот „Св.Архангел Михаил“ во Варош каде прилепчаните во духот на традицијата секоја година го прославуваат овој прекрасен празник.Ја користам оваа прилика да им ја честитам куќната слава на сите семејства кои ја слават! Нека е за многу години Голем Петок!”-истакна Јовчески




Сподели го ова:

Слични објави